Од вторник поевтинуваат горивата во Хрватска – литро еуросупер ќе чини 1,55 евра

Од вторник горивото во Хрватска поевтинува за еден до четири центи, па Еуросупер 95 ќе чини 1,55 евра за литар.

Цената на еуродизелот ќе биде за цели четири центи пониска, а литар ќе чини 1,41 евро.

За исто толку ќе поевтини и синиот дизел кој ќе се продава по цена од 87 центи за литар.

Откако новите цени ќе стапат во сила во вторник, тие ќе важат 14 дена, објави ХРТ.

Можеби ќе ве интересира...

Поевтинија бензините и дизелот

BiznisPRO

Убава вест: Ново поевтинување на бензините и дизелот во Македонија

BiznisPRO

Цената на нафтата на светскиот пазар расте

BiznisPRO