ОКТА продолжува со спроведување на донаторски проекти во обновливи извори на енергија

(23.07.2024) – ОКТА АД – Скопје и оваа година најавува неколку донации во фотоволтаични централи, со што директно ја поттикнува зелената транзиција во земјава. До крајот на годината компанијата ќе инсталира фотонапонски централи во спортскиот центар „Марко Божиновски“ во општина Аеродром во Скопје, во градинката „Детска радост“ во општина Гевгелија и во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во општина Велес.

Со реализација на овие донаторски проекти, ОКТА ќе обезбеди фотоволтаични капацитети со вкупна моќност од околу 90 kW, кои значајно ќе ја задоволат вкупната годишна потрошувачка на електричната енергија на објектите. Дополнително, трите фотонапонски централи ќе овозможат годишно производство од околу 113.000 kWh обновлива енергија, намалувајќи ја емисијата на јаглерод диоксид за приближно 54 тони годишно. Над 2800 деца и ученици престојуваат во трите јавни институции, а само спортската сала „Марко Божиновски“ при општинското училиште „Лазо Ангеловски“ ја посетуваат околу 2000 ученици и младинци во текот на годината.

„Со донациите на фотонапонските централи ја потврдуваме нашата заложба за поголема застапеност на обновливите извори на енергија и забрзување на енергетската транзиција која води до поголема енергетска независност. За нас е исклучително важно што наши партнери се јавни институции каде што најголем дел од времето поминуваат деца и младинци, со што придонесуваме кон намалување на емисиите на јаглерод диоксид, обезбедување на поодржлива иднина и помагаме во едукацијата на младите за значењето на овој процес за заедницата и за животната средина”, изјави Димитриос Пасхос, главен извршен директор во ОКТА.

Во рамки на стратегијата за донаторски вложувања во „зелена“ енергија, минатата година ОКТА донираше три фотонапонски централи наменети за воспитно – образовни институции во земјата. Во градинката „Пепелашка“ во општина Центар во Скопје, компанијата донираше фотонапонска централа на кровната површина на објектот со инсталирана моќност од 20,5 kW, а во средното општинско економско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид инсталирана е фотонапонска централа со капацитет од 21,8 kW електрична енергија, со што се обезбедува енергија за значаен дел од потрошувачката на училиштето. Во текот на 2023 година, беше поставена и фотонапонската централа во основното училиште „Гоце Делчев“ од општина Илинден со вкупна инсталирана моќност од 15 kW.

Во текот на втората половина од 2024 година, во ОКТА се очекува да започне со работа фотоволтаичната централа со капацитет од 12 MW, лоцирана во кругот на компанијата, како еден од најголемите фотоволтаични проекти во земјата од ваков вид. Почнувајќи од 2018 година досега, ОКТА има инсталирано пет фотонапонската постројки со вкупна моќност од 611 kW (киловати), дел од нив поставени кај свои деловни партнери.

Можеби ќе ве интересира...

Нови цени на бензинот и дизелот

BiznisPRO

Атлантик Група: Силен раст на приходите од продажба и профитабилност

BiznisPRO

Автоматизирани сефови од Халкбанк – единствени на пазарот што нудат сигурност и 24/7 достапност до нашите вредни работи

BiznisPRO