Осцилации на светскиот пазар: По потезите на Кина, цената на нафтата е во пораст

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска се во пораст откако Кина презеде чекори за зајакнување на својата економија.

Кина го преполови данокот на тргување со акции, што е последен во серијата обиди да го зајакне пазарот.

Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море се зголеми за 40 центи или 0,5 отсто и сега изнесува 84,88 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта е повисока за 42 центи или 0,5 отсто и изнесува 80,25 долари.

– Вниманието на пазарот денеска е насочено кон кинеските мерки за поддршка на економијата – нагласи пазарниот аналитичар од банката „Саксо“ Оле Хансен.

Можеби ќе ве интересира...

Еве каде Бил Гејтс ги вложува парите: Ова е иднината

BiznisPRO

ПРОВЕРУВАЈТЕ ГИ СМЕТКИТЕ: Илјадници работници мора да добијат К-15 на своите сметки – еве колку е минимумот

BiznisPRO

Биткоинот достигна највисоко ниво во последните две години: Неверојатен пораст на пазарот на криптовалути

BiznisPRO