Отворен новиот производствен погон на Виталиа

 

 

На самиот крај од успешната 2024 година, македонската компанија за здрава храна, Виталиа, го објави отворањето на новиот, современ погон за производство на барови. Свеченото отворање беше организирано на христијанскиот празник Св. Никола, во чест на именденот на директорот и основачот на компанијата, Никола Ветаџокоски.

Новиот погон претставува значајна инвестиција во автоматизацијата и модернизацијата на производниот процес, овозможувајќи зголемување на капацитетите и поголема флексибилност во производството. Во рамки на оваа инвестиција, набавена е и најсовремена опрема за производство на чоколадо, со што се отвораат нови можности за проширување и диверзификација на портфолиото на производи на Виталиа.

Со пуштањето во употреба на погонот, процесите на производство и дотур на сировини се целосно автоматизирани. Новата автоматска пакерка значително го забрзува и олеснува пакувањето, што придонесува за поефикасна продукција.

Виталиа е позната по својот широк асортиман на високо нутритивни производи, пред сè во категоријата на функционална храна, протеински и пробиотски производи, безглутенски производи и без додаден шеќер. Преку годините, компанијата стана синоним за здрава исхрана во Македонија и пошироко во регионот, задоволувајќи ги потребите за здрав оброк на различни целни групи од сите возрасти.

„Од своето основање, Виталиа е посветена на унапредување на свеста на потрошувачите за важноста на здравата исхрана и промена на навиките, како предуслов за долг, здрав и квалитетен живот. Отворањето на новиот погон за барови е уште еден доказ дека компанијата постојано се стреми кон иновации и одржување на статусот на современ пазарен лидер,“ изјавија од Менаџментот на компанијата.

Со повеќе од 30 години водечка позиција во областа на здравата храна, Виталиа продолжува да вложува во иновации, подигање на свеста за правилна исхрана и градење на култура на здраво живеење.

Можеби ќе ве интересира...

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак 

BiznisPRO

Донација од 2 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф Обложувалници

BiznisPRO

Нова донација од ОКТА: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Велес доби соларна централа

BiznisPRO