фото Бизниспро

Ова се преостанатите неработни денови во 2025

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија  во 2025 година неработни денови кои преостанаа се:

За сите граѓани на РСМ

  • 30 март (недела), Рамазан Бајрам,  првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 31 март (понеделник) е неработен ден,
  • 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 1 мај (четврток), Ден на трудот
  • 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
  • 2 август (сабота), Ден на Републиката,
  • 8 септември (понеделник), Ден на независноста,
  • 11 октомври (сабота), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,
  • 8 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 19 јануари (недела), Богојавление (Водици),
  • 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 21 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (четврток), првиот ден на Божик. 

За граѓаните од муслиманска  вероисповед

  • 6 Јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

  • 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

  • 27 јануари (понеделник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

  • 8 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите 

За граѓаните припадници на влашката заедница  во РСМ

  • 23 мај (петок), Национален ден на Власите 

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

  • 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур 

За граѓаните припадници на бошњачката заедница  во РСМ

  • 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците 

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

  • 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик  
     

 

 

Можеби ќе ве интересира...

Се повлекува познат чоколаден производ од овој лот поради пластични фрагменти

BiznisPRO

Скенирате фискални сметки? Очекувајте пари од МОЈ ДДВ!

BiznisPRO

Кафето станува се’ поскапо

BiznisPRO