Пад на азиските берзи, доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

На азиските берзи денеска цените на акциите нагло паднаа поради зголемените тензии на Блискиот Исток и вчерашниот остар пад на Волстрит, додека вредноста на доларот порасна во однос на кошницата валути.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше намален за 1,8 отсто во 7:00 часот, лизгајќи се на најниското ниво во речиси два месеци.

Истовремено, индексот Никеи се лизна за повеќе од 2 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Шангај, Хонг Конг, Австралија и Јужна Кореја паднаа меѓу 1,8 и 2,4 отсто.

Остриот пад на индексот втор ден по ред е последица, меѓу другото, и на тензиите на Блискиот Исток, откако Иран во саботата вечерта лансираше серија беспилотни летала кон израелска територија, а Израел најави одмазда.

Инвеститорите беа разочарани и од вчерашниот пад на Волстрит. Dow Jones загуби 0,65 отсто, додека S&P 500 се лизна за 1,20, а Nasdaq индексот 1,79 отсто.

Надежите дека ФЕД ќе почне да ги намалува каматните стапки исчезнаа
Покрај неизвесноста во однос на развојот на состојбите на Блискиот Исток, инвеститорите не се склони кон поризични инвестиции и затоа што се појасно е дека американската централна банка нема да брза со намалување на каматните стапки бидејќи инфлацијата се уште е покачена.

Вчера беше објавено дека продажбата на мало во САД пораснала за 0,7 отсто месечно во март, што е значително повеќе од очекувањата на аналитичарите.

Ова покажува дека потрошувачите не забавуваат и покрај повисоката инфлација и дека растот на потрошувачките цени може да продолжи.

Поради ова, надежите на инвеститорите дека ФЕД ќе почне да ги намалува каматните стапки во јуни речиси целосно исчезнаа.

Можеби ќе ве интересира...

Компанија која расте без раст: Падот на акциите на Tesla го спушти Маск на третото место меѓу најбогатите луѓе во светот

BiznisPRO

Дали во среда треба да се посети менувачница? – Курсна листа за 31 јули 2024

BiznisPRO

Извозот за 8 месеци паднал за 5 проценти во споредба со лани, но увозот си расте!

BiznisPRO