Падна нова одлука за цената на горивата – Ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62% во однос на одлуката од 4.11.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,994 %, кај дизелот намалување за 0,558%, кај екстра лесното масло намалување за 0,436% и кај мазутот намалувањето е за 0,165%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,578%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,072 ден/кг и сега ќе изнесува 49,995 ден/кг.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Од 8.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 94,00 (денари/литар)
Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 96,50​ (денари/литар)
Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ ​ 98,50 (денари/литар)
Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 93,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ ​ 49,995 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можеби ќе ве интересира...

Вредноста на доларот расте втора недела по ред, на еврото падна

BiznisPRO

Нова инвестиција од 30 милиони евра во Скопје, ќе има нови вработувања

BiznisPRO

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

BiznisPRO