фото Бизниспро

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Пензионерите во Република Северна Македонија од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското иинвалидското осигурување, околу 340.000 пензионери кои се стекнаа со правото на пензиско осигурување заклучно со 31 август, се опфатени со линеарното покачување на пензиите.

Овие законски измени предвидуваат линеарно зголемување на пензиите во м. Септември и м. Март. Поконкретно, на 1 Септември 2024 година, сите видови на пензии остварени согласно овој закон заклучно со 31 Август 2024 година, се зголемуваат за 2.500 денари и на 1 март 2025 година, сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година, се зголемуваат за 2.500 денари.

Можеби ќе ве интересира...

Колку чинат девизите денеска – Курсна листа за 19 февруари 2025

BiznisPRO

Зимско сметање на времето

BiznisPRO

Проверете ги сметките: Тргна исплатата на парите од МОЈ ДДВ, дали ги добивте средствата?

BiznisPRO