Покрената истрага против „Букинг“

Италијанската агенција за заштита на конкуренцијата објави дека покренала истрага против платформата за резервации за сместување „Букинг“ (Букинг) бидејќи се сомнева дека компанијата ја злоупотребила својата доминантна позиција на пазарот.

Компанијата „Букинг“ наводно, меѓу другото, овозможила некои хотели да бидат повидливи при онлајн пребарувањата во замена за повисоки провизии и со тоа ја нарушила пазарната конкуренција, пренесува АНСА.

Италијанскиот регулатор наведува дека оваа стратегија штети не само на конкуренцијата, туку и на потрошувачите кои имаат помал избор и се принудени да плаќаат повисоки цени.

Италијанската даночна полиција изврши претрес во просториите на италијанската филијала на платформата Букинг.

Компанијата „Букинг“ излезе со коментар и соопшти дека целосно ќе соработува со италијанските власти во текот на истрагата.

Можеби ќе ве интересира...

Почна: Работниците се заменуваат со вештачка интелигенција

BiznisPRO

Се тестира нова функција за WhatsApp: пишувате текст и се создава слика

BiznisPRO

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

BiznisPRO