Македонија

ПОМАЛИ ПРИХОДИ И РАСХОДИ, ИСТ ДЕФИЦИТ – Собранието го усвои новиот ребаланс

Собранието го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, со приходи од 374,2 милијарди денари и расходи од 420,5 милијарди. Двете страни се коригираат надолу за приближно 5,3 милијарди денари во однос на претходните проекции, додека дефицитот останува 46,3 милијарди денари.

Со прераспределбата се обезбедуваат дополнителни средства за социјални трансфери, здравствена заштита и породилни надоместоци. Капиталните расходи се проектирани на 40,1 милијарда денари. Министерството за финансии наведува дека се обезбедува финансирање на обврските до крајот на годината, вклучувајќи плати, пензии, исплати кон стопанството и долгови што доспеваат. Усвоениот ребаланс ја менува рамката за трошење, додека реализацијата ќе се следи преку извршувањето на Буџетот.