Популарната онлајн продавница повеќе не ги прифаќа овие картички

Американскиот малопродажен интернет гигант eBay објави дека повеќе нема да прифаќа плаќања со картички на American Express поради „неприфатливо високите надоместоци“ за обработка на трансакциите.

Од 17 август повеќе нема да може да се плаќа со Amex картички на eBay, соопштија од компанијата, пренесува Capital.

Одлуката е донесена затоа што трговците на мало платиле повеќе од 172 милијарди долари такси минатата година за обработка на трансакции со Amex картички, повеќе отколку за плаќања со картички од компании како Visa и Mastercard, објави Блумберг.

Во American Express тие веруваат дека „одлуката на eBay да ја исклучи опцијата за плаќање со American Express картички не е во согласност со нивната изразена желба да ја зајакнат конкуренцијата на продажното место“.

Visa и Mastercard одлучија малку да ги намалат таксите како дел од решавањето на долготрајниот спор што треба да им заштеди на трговците околу 30 милијарди долари. Инаку, Амекс се повлече од европскиот пазар пред пандемијата.

Можеби ќе ве интересира...

„Во сенка“ – краток филм на Халкбанк за мирот, радоста и убавината што ја дарува зеленилото

BiznisPRO

Курсна листа за 5-ти август 2025 – Колку чинат девизите во вторник?

BiznisPRO

Утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики, очекуваме дополнително намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи

BiznisPRO