Познатата минерална вода „Књаз Милош“ во рацете на чешка компанија

Чешката компанија „Матони 1873“ презеде малцински удел од 46,43 отсто во Књаз Милош од компанијата „ПепсиКо“, и со тоа стана единствен сопственик на овој производител на минерална вода.

Вредноста на трансакцијата е речиси 90 милиони евра, објави компанијата Књаз Милош.

Како што е наведено на веб-страницата на Књаз Милош, групацијата „Матони 1873“ работи во осум земји, со 3.400 вработени, 11 производствени погони и 39 брендови, како што се „Књаз Милош“, „Матони“, „Магнезија“, „Сенткираљи“, „Валдкел“ и други.

Во Чешка, Австрија, Бугарија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина „Mattoni 1873“ е ексклузивен производител и дистрибутер на брендовите на безалкохолни пијалоци „PepsiCo“.

Можеби ќе ве интересира...

УЈП со важно соопштение до компаниите

BiznisPRO

Стоковна размена со странство, јануари – декември 2024 година

BiznisPRO

Колку изнесувало производството на електрична енергија во јануари?

BiznisPRO