Предновогодишен РЕсет со Елена Бубало во СРЦ „Борис Трајковски“

Сите кои се трудат да го одржат своето тело во добра кондиција, во недела на 1.12.2024 година ќе можат да се приклучат на фитнес вежбите под раководство на познатата инструкторка Елена Бубало и нејзиниот тим. Настанот ќе се одржи во малата сала на Спортско рекреативниот центар  Борис Трајковски во Скопје, со почеток од 10:30 часот. Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк: https://shorturl.at/BunhI

„РЕсет“ настанот е во организација на Реплек, а како и на претходниот, покрај можноста за вежбање со искусната инструкторка Бубало, ќе биде поставено и детско катче со спортски реквизити за деца до 6 години, додека поголемите деца ќе можат слободно да се приклучат и да вежбаат заедно со своите родители. Во рамките на „РЕсет“ настанот, Реплек обезбедува соодветна опрема и освежување за сите кои ќе вежбаат.

Ова е веќе трет настан од ваков вид и последен за оваа година. Претходните два, одржани во јуни и септември, привлекоа голем број учесници кои имаат сè поголем интерес за активниот начин на живот.

Овој тип на настани ќе продолжат и во 2025 година, како дел од платформа за добросостојба на Реплек именувана „РЕсет“. Платформата има за цел да поттикне ведар дух, здраво тело и ментална сила сѐ со цел создавање промени и унапредување на општествената култура.

Покрај промоција на активниот живот, платформата „РЕсет“ беше домаќин и на едукативни работилници со Илина Арсова и Борче Стаменов, со кои се разговараше на повеќе теми, меѓу кои и добросостојбата. 

Можеби ќе ве интересира...

МТЕЛ станува официјален партнер на Пасворд Продукција

BiznisPRO

Искусни експерти и математичари во тимот на UltiMATH: Како е креирана содржината за најголемиот математички натпревар?

BiznisPRO

Пакет за жени на Халкбанк – поттик за финансиска независност и успешен бизнис почеток

BiznisPRO