Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемија за 6.1 % на годишно ниво

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2025 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1.0 % на месечно ниво и за 6.1 % на годишно ниво.

Во јануари 2025 година, во споредба со декември 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 5.4 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 2.0 %.

Во јануари 2025 година, во споредба со јануари 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 15.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.4 %.

Можеби ќе ве интересира...

По еден авион туристи дневно ќе носи во Македонија германската туристичка агенција “РСД”

BiznisPRO

Курсна листа за 26 ноември 2024

BiznisPRO

Кога наредно ќе одмараме – Познато е уште кои денови останаа како неработни до крајот на 2025

BiznisPRO