фотографијата е направена со вештачка интелигенција

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јуни 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.3 %

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во однос на претходниот месец се зголемени во секторот Рударство и вадење на камен за 2.5 % и во секторот Преработувачка индустрија за 0.3 %, додека остануваат непроменети во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината, информира Државниот Завод за Статистика

Во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во секторот Рударство и вадење на камен се намалени за 2.9 %, а се зголемени во секторот Преработувачка индустрија за 5.5 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 8.3 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 4.8 %.

Главни поенти
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јуни 2025 година се зголемени за:

0.3 % во однос на претходниот месец
5.3 % во однос на истиот месец од претходната година

Можеби ќе ве интересира...

СОПИРААТ БУЏЕТСКИТЕ ИСПЛАТИ: Трезорот за прв пат во историјата на Македонија се затвора на 15-ти декември

BiznisPRO

Царина и АХВ потпишаа нов меморандум за соработка – Заеднички против сите обиди за криминал со храна, безбедноста приоритет

BiznisPRO

Просечната нето плата во Македонија 41.999 денари

BiznisPRO