• март 18, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Проф. Д-р. Кочо Анѓушев нов претседател на Македонската Енергетска Асоцијација (МЕА) во рамките на комората

Проф. Д-р. Кочо Анѓушев нов претседател на Македонската Енергетска Асоцијација (МЕА) во рамките на комората

Македонската енергетска асоцијација (МЕА), на седницата одржана во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, го избра проф. д-р Кочо Анѓушев, редовен професор на Машинскиот факултет, за нов претседател на МЕА.

Енергетската асоцијација е постојано работно тело на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за разгледување прашања од областа на енергетиката. МЕА со своето дејствување придонесува во создавањето услови за стабилно снабдување со енергија, воспоставување транспарентни пазарни односи, иницирање и реализација на проекти кои имаат цел зголемување на енергетската ефикасност и за користење обновливи извори на енергија. МЕА соработува со невладини организации од областа на енергетиката, со научни институции, со факултети и со МАНУ, сѐ со цел унапредување на енергетската област во земјата.
На седницата, која се одржа на 18.3.2022 година во Комората, се дискутираше и за енергетската состојба во државата и за начинот за нејзино надминување. На седницата присуствуваа клучните чинители во енергетската сфера во земјава, кои се осврнаа на моменталната енергетска состојба и изнесоа ставови и проекции за натамошниот развој на состојбите.

Проф. д-р Кочо Анѓушев, како истакнат бизнисмен и човек кој има 20-ина години искуство во оваа област, во услови на драстично зголемување на цената на енергенсите на меѓународните пазари, континуирано и јавно укажува дека Северна Македонија, за да се справи со недостигот на енергенси од сопствено производство (а има капацитет), треба да ја следи (и да почне со примена на тоа што е напишано во) Енергетската стратегија (како државен документ), со среднорочниот и со долгорочниот план предвидени во неа.

Поврзани соддржини

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…
Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда…

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата…
Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино…

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и…
Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов…

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната…
Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест…

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот…
АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ…

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на…
Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително…
Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Значително поевтинија горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022…

„На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а ’Алкалоид’ ја…