Промени во цените на горивата: ЕУРОСУПЕР поскапува, ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува

Според последната одлука за утврдување на малопродажните цени на нафтените деривати, од 05.05.2025 година, регистрирани се промени во цените на горивата.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари по литар. Со оваа корекција, новите цени изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 73,50 ден/лит
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 75,50 ден/лит

Oд друга страна, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) бележи намалување од 0,50 денари по литар, со што новата малопродажна цена изнесува 64,50 ден/лит.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува непроменета и продолжува да се продава по цена од 65,00 ден/лит.

Новите малопродажни цени стапуваат на сила на полноќ и ќе важат до следната корекција, согласно пазарните услови и одлуките на Регулаторната комисија за енергетика.

Можеби ќе ве интересира...

„Нова Програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија – обезбедени 42.3 милиони денари финансиска поддршка“

BiznisPRO

Курсна листа за 27 февруари 2025

BiznisPRO

Нови цени на горивата

BiznisPRO