Прометот од продажбата на услугите во четвртото тримесечје од 2023 година покажува зголемување во однос на четвртото тримесечје од 2022 за 3.7 %

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот од продажбата на услугите во четвртото тримесечје од 2023 година покажува зголемување во однос на четвртото тримесечје од 2022 за 3.7 %.

Во четвртото тримесечје од 2023 година, во однос на истото тримесечје од 2022 година, зголемување се јавува во поголем дел од одделите, а најголемо е во одделот Дејности на изнајмување и давање под закуп (лизинг) и изнесува 50.1 %, во одделот Дејности на вработување има зголемување од 42.4 % и во одделот Емитување програма, во кој зголемувањето изнесува 28.9 %.

Можеби ќе ве интересира...

Спроведени 62 вонредни контроли за новогодишни пакетчиња

BiznisPRO

Индустриското производство бележи раст од само 1.4 отсто

BiznisPRO

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2024, изнесува 68.8 %

BiznisPRO