Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен е 40.961 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 112.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (19.1 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.6 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16.7 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.9 %), Административни и помошни услужни дејности (5.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.4 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2024 година, изнесува 40.961 денари.

Можеби ќе ве интересира...

Инфлацијата во Германија највисока во последните 11 месеци

BiznisPRO

Фондацијата “Трајче Мукаетов” додели 40 нови стипендии за учебната 2025/2026

BiznisPRO

Ер Србија: Повеќе од половина милион патници во првите два месеци од годинава

BiznisPRO