фото Бизниспро

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен е 43.587 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, изнесува 109.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (13.2 %), Транспорт и складирање (12.3 %) и Рударство и вадење на камен (12.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (13.4 %), Административни и помошни услужни дејности, Градежништво (7.0 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (5.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2024 година, изнесува 43 587 денари.

Можеби ќе ве интересира...

За една година пијалоците и храната по ресторани и кафулиња поскапеле за 5.8 отсто

BiznisPRO

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

BiznisPRO

Индекси на бројот на работниците во индустријата, јануари 2025 година

BiznisPRO