ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ВЕ ИМА: УЈП објави листа на граѓани и фирми кои должат данок

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.08/2023 за долгови доспеани до 30.04.2023 и неплатени до 31.07.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

На Листата на должници бр.08/2023 објавени се 1812 должници – правни лица (повеќе за 30 од претходната листа) и 3387 физички лица (помалку за 26 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.08/2023 изнесува 8.577.543.847 денари, (помалку за 134.147.335 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.386.077.148 денари, (помалку за 142.152.413 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 191.466.699 денари (повеќе за 8.005.078 денари од претходната листа).

Целата листа е достапна тука.

Можеби ќе ве интересира...

РКЕ СО ОДЛУКА: Поевтинуваат некои од горивата

BiznisPRO

Расте финансиска вклученост на населението кај нас

BiznisPRO

Ангеловска-Бежоска: Напорно работиме за пристапување кон СЕПА

BiznisPRO