• април 15, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

ПРВА МЕРКА ОД НАРОДНА БАНКА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА: Се зголемува каматата, се затега политиката

ПРВА МЕРКА ОД НАРОДНА БАНКА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА: Се зголемува каматата, се затега политиката

Народната банка презема мерки за покачената инфлација. Завчера на седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, одлучиле да се зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени. Досега каматата на благајничките записи односно основната камата беше 1,25 процентни поени, а со зголемувањето ќе биде 1,5 отсто.

„Тоа е пред се како превентивен одговор на растечките инфлациски очекувања, во услови на задржани оцени за отсуство на поизразени притисоци од домашната побарувачка и присутни надолни ризици за неа во следниот период. При донесувањето на ваквата одлука во фокус беа најновите движења кај инфлацијата и инфлациските очекувања. Инаку, износот на понудата на благајнички записи на денешната аукција е непроменет, односно 10 милијарди денари, стои во соопштението на Народната банка.

Како што веќе објавивме, а потенцира и Народната банка инфлацијата продолжи да забрзува и во март 2022 година достигна годишна стапка од 8,8 проценти. Од централната банка велат дека главните фактори на поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, односно цените на енергијата и на прехранбените производи, поради растечките увозни цени. На нив отпаѓа повеќе од три четвртини од растот. Сепак, имајќи предвид дека тие се влезен инпут кај повеќе други производи и услуги, а застојот кај синџирите за производство ги поскапува и другите увозни производи, најновите податоци покажуваат дека растот на цените станува поширокораспространет. Ова заедно соподолготрајниот ценовен притисок од првично очекуваните придонесува и за нагорни поместувања на инфлациските очекувања. Поизразени притисоци од побарувачката врз цените засега не се забележуваат, а воениот конфликт во Украина ги нагласува надолните ризици за домашната побарувачка во следниот период.

„Имајќи ја предвид стратегијата на стабилен курс на денарот, при носење на монетарните одлуки се земаат во предвид и состојбите на девизниот пазар и нивното влијание врз девизните резерви. По иницијалниот притисок на девизниот пазар, кој вообичаено се случува во сите кризи, а којшто во голема мера беше поттикнат од неоснованите шпекулации за курсот, притисоците постепено се намалуваат и главно се поврзани со повисоката побарувачка од енергетскиот сектор, додека понудата од менувачниците бележи солиден раст надминувајќи го нивото и од пред пандемијата, велат од Народната банка.

Инаку соопштуваат дека девизните резерви се одржуваат во сигурната зона.

Од аспект на движењата во монетарниот сектор, според прелиминарните податоци за март 2022 година годишниот раст на кредитите и натаму е солиден и е над проектираниот за првиот квартал на 2022 година, согласно октомвриската проекција, при нешто поумерен раст кај депозитите од проектираниот.

Зголемените геополитички тензии и високите инфлациски притисоци во глобални рамки креираа дополнителни неизвесности и ризици на меѓународните финансиските пазари коишто влијаеа врз расположението на инвеститорите. Во март се зголеми одбивноста кон преземање на ризик поради влошување на финансиските услови и вградените очекувања за постепена нормализација на монетарните политики од страна на централните банки. Ваквите движења се пренесоа и кај цените на најбезбедните државни обврзници во еврозоната, чиишто остварувања беа одредени и од најавеното побрзо намалување на откупот на хартии од вредност на состанокот на ЕЦБ. Зголемените очекувања за побрзо затегнување на политиката на ФЕД во услови на поволни остварувања на пазарот на труд и солидна економска активност го поттикнаа растот на берзанските индекси и намалување на цените на државните обврзници во САД.

„Општо земено, на седницата на Комитетот беше заклучено дека неизвесноста и ризиците од ескалацијата на геополитичките тензии и од нивните ефекти, пред сѐ, врз глобалниот раст на цените, но и врз трговските текови и побарувачката, при се уште неизвесен тек на пандемијата предизвикана од ковид-19, налагаат натамошно внимателно следење на состојбите. Народната банка ќе продолжи со реоценување на поставеноста на монетарната политика на редовна основа, имајќи ги предвид најновите информации од надворешното окружување и домашната економија. Во тек е изработката на новиот циклус на макроекономски проекции во чии рамки ќе се направи сеопфатно реоценување на макроекономската слика и на поставеноста на монетарната политика. Доколку се оцени дека е потребно, централната банка ќе реагира со целиот свој расположлив инструментариум за задржување на ценовната и макроекономската стабилност, велат од Народната банка.

Поврзани соддржини

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…
Утврдени нови цени на горивата

Утврдени нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити и од 8,5% на вкупната кредитна поддршка

Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити…

Анализирано на годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 4,5%, кој во…
Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 20.02.2023 година произведе 17.091 MWh електрична енергија, која е…
Падна одлука: Поскапуваат горивата

Падна одлука: Поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Падна одлука – Нови цени на горивата

Падна одлука – Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Ново значително поевтинување на горивата

Ново значително поевтинување на горивата

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната…