Пуштена во употреба високонапонска трафостаница во Штип

Со пуштање во употреба на новата трафостаница „Штип 1“ се поттикнува локалниот развој во штипскиот регион. На официјалниот старт со работа на трафостаницата присуствуваа претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер и градоначалникот на општина Штип, г-дин Иван Јорданов.

„Задоволувањето на потребите на нашите корисници и сигурноста во снабдувањето се секогаш клучни фактори во креирањето на долгорочните цели на компанијата. Среќни сме што им овозможуваме на граѓаните на Штип уште поквалитетно снабдување со електрична енергија и ги поддржуваме нивните идеи за производство на електрична енергија од обновливи извори.“ изјави претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер.

Во рамките на посетата беше разговарано за можностите за дополнителни инвестиции во дистрибутивната мрежа, а во интерес на локалниот развој.

Градоначалникот на општина Штип, г-дин Иван Јорданов изрази благодарност до компанијата и најави дека соработката меѓу општината и компанијата ќе продолжи и во иднина.
„Со одлична соработка достигнавме уште една значајна цел која контуинирано ќе служи за доброто на граѓаните. Со ова значително се подобрува квалитетот на живот, но и условите за водење бизнис и за инвестирање во зелена енергија што е во согласност со нашата Стратегија за енергетска ефикасност, а со која е предвидено употребата на обновлива енергија да се зголеми за 20% до 2026 година.“ изјави г-дин Јорданов.

Последната надградба на трафостаницата „Штип 1“ им овозможува на постоечките корисници на штипскиот регион сигурно и квалитетно снабдување со електрична енергија и покрај приклучувањето во дистрибутивната мрежа на идните потрошувачи и потенцијалните производители од обновлива енергија. Оваа обемна инвестиција вредна 2 милиони евра директно го поттикнува и поддржува економскиот развој на околината на Штип, земајќи ја превид забрзаната динамика и зголемената заинтересираност на граѓаните за изградба на производствени капацитети од обновливи извори на енергија.

Можеби ќе ве интересира...

Внимателни инвеститорите на Волстрит, чекајќи го извештајот за инфлацијата

BiznisPRO

Во октомври значително зголемување: Зголемена вредноста на увозот на руска стока во Америка

BiznisPRO

Телеком ја пушти првата комерцијална 5G мрежа во Македонија

BiznisPRO