РАСТ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО ЈУЛИ 2025: Споредбено со јули лани се бележи зголемување од 4.8 %, додека цените на мало скокнале за 5,3%

Инфлацијата во јули 2025 година во однос на претходниот месец е 1.1 %

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, изнесува 1.1 %.

Повисоката инфлација во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 9.9 %, Рекреација и култура за 2.1 %, Ресторани и хотели за 1.2 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.7 %, Здравје, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 % и Облека и обувки, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.

Во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Разновидни стоки и услуги и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, изнесува 103.1.

Индексот на трошоците на животот во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи зголемување од 4.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.3 %.

Главни поенти
Во јули 2025 година во однос на јуни 2025 година:

Стапката на инфлација е 1.1 %
Во групата Транспорт е 9.9 %

Можеби ќе ве интересира...

Делегација на Бордот на Директори на ЕБОР доаѓа во посета на Северна Македонија од 14 до 18 Октомври

BiznisPRO

Азески од Самитот во Истанбул: Слободната и фер трговија треба да биде приоритет во глобалната економска трансформација

BiznisPRO

Се токмат нови цени на горивата

BiznisPRO