• октомври 27, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Расте финансиска вклученост на населението кај нас

Расте финансиска вклученост на населението кај нас

Минатата година 85,3% од населението во земјава постаро од 15 години поседувало сметка, додека во регионот сме на второто место според финансиската вклученост. Сè повеќе наши граѓани поседуваат дебитна и кредитна картичка и сè повеќе се купува онлајн, сепак сè уште заостануваме зад европскиот просек. Ова го покажуваат најновите податоци на Светската банка од глобалната база на податоци Финдекс, коишто се однесуваат на 123 земји во светот (https://www.worldbank.org/en/publication/globalfindex).

Податоците на Светската банка покажуваат дека сè повеќе расте финансиската вклученост во земјава. Во изминатите пет години таа е повисока за 8,7 процентни поени. Во регионот сме на второто место според финансиската вклученост, веднаш по Србија (89%). Сепак, во споредба со просекот на Европа и Централна Азија заостануваме за 4,7 процентни поени.

 

Согласно со податоците на базата Финдекс, се забележува пораст кај поседувањето кредитни картички кај нашето население за 5 процентни поени (22%) во 2021 година во споредба со 2017 година, како и кај користењето платежни картички за 6 процентни поени (43%), додека поседувањето дебитни картички е непроменето (53%). Во споредба со земјите од регионот, имаме повисок процент на користење дебитна или кредитна картичка во однос на Косово и Албанија, додека понизок во однос на Бугарија, Србија и Турција. Анализирано според возрасни групи, кај населението од 15 до 24 години е забележан најголем пораст во 2021 година од 18 процентни поени во споредба со 2017 година. Ова упатува на поголема финансиска вклученост на младите имајќи го предвид поседувањето на дебитните и кредитните картички.

Податоците покажуваат дека населението на возраст од над 15 години кај нас сè повеќе користи мобилен телефон или интернет за онлајн-купување. Во 2021 година, 30,5% од населението кај нас купува онлајн, додека во 2017 година овој процент изнесувал 16,9%. Сепак, тој сè уште е понизок во однос со земјите од Европа и Централна Азија.

Финансиската инклузија е од особено значење за економскиот развој на една земја, оттаму една од стратегиските цели на Народната банка е обезбедувањето повисок степен на финансиска едукација и вклученост на населението. Донесена е и се спроведува првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, којашто има за цел да  обезбеди поголема финансиска инклузија во различни сегменти на финансискиот систем, поголемо ангажирање на регулаторните институции во однос на едукацијата и регулацијата, но и на приватните финансиски институции во однос на обезбедувањето поголема достапност и информираност за понудените финансиски услуги.

Поврзани соддржини

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…
Утврдени нови цени на горивата

Утврдени нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити и од 8,5% на вкупната кредитна поддршка

Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити…

Анализирано на годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 4,5%, кој во…
Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 20.02.2023 година произведе 17.091 MWh електрична енергија, која е…
Падна одлука: Поскапуваат горивата

Падна одлука: Поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Падна одлука – Нови цени на горивата

Падна одлука – Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Ново значително поевтинување на горивата

Ново значително поевтинување на горивата

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната…