Регионалниот проект за управување со цврст отпад во земјата, финансиран од ЕБОР, добива дополнително финансирање од ЕУ

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската унија (ЕУ) и билатералните донатори преку Програмата за инвестирање на Западен Балкан (WBIF) ја поддржуваат модернизацијата и проширувањето на системот за управување со отпад во Северна Македонија.

Инвестицијата, финансирана со заем од ЕБОР во износ од 55 милиони евра, кој претходно беше потпишан, вклучува изградба на санитарни депонии, трансфер станици и инфраструктура за собирање отпад во повеќе региони. Првата фаза, финансирана со транша од 47,5 милиони евра, веќе е во фаза на имплементација и опфаќа активности во регионот на Пелагонија, Југо-западниот и Полошкиот регион.

Денес се потпиша Договорот за грант за дополнителни 2 милиони евра техничка поддршка, обезбедени преку Програмата за инвестирање на Западен Балкан, кои ќе го иницираат процесот на мобилизирање на втората транша од заемот, наменета за финансирање на активности во Вардарскиот и Југо-источниот регион. Овие средства ќе се користат за спроведување техничка, еколошка, и финансиска длабинска анализа, со цел да се развие систем за управување со отпад во Вардарскиот и Југо-источниот регион. Овој грант за техничка помош е дел од пошироката финансиска поддршка обезбедена од ЕУ и Програма за инвестирање на Западен Балкан, која вклучува и 21,7 милиони евра, инвестициски грант финансиран од ЕУ, кој се очекува да биде попишан во текот на имплементацијата на Регионалниот проект за управување со цврст отпад.

Билјана Милошеска, Помошник Директорка, Постара Банкарка, ЕБОР изјави: „Овој проект претставува значаен чекор кон позелена и поодржлива иднина во државата. Ова е прва иницијатива на Банката во овој сектор, каде се поддржува имплементација на системи за управување со отпад усогласени со ЕУ стандардите, за повеќе од еден милион жители во три регионални плански области и 45 општини.“

Неговата Екселенција Михалис Рокас, Амбасадор на ЕУ во земјата, истакна: „Зачувувањето на природните убавини на Северна Македонија бара решителна и ригорозна борба против цврстиот отпад на централно и локално ниво. Со 2 милиони евра грант од Програмата за инвестирање на Западен Балкан, ја продолжуваме посветеноста на ЕУ во поддршка на земјата, во изнаоѓање на најдобрите решенија за справување со проблемот со цврстиот отпад. Ова е само почетокот на тековната финансиска поддршка од ЕУ за Северна Македонија во областа на животната средина и управувањето со отпад.“

Можеби ќе ве интересира...

Голема финална листа: Проверете дали вашиот дом влезе во субвенциите од 1000 денари за струја во 2025 година!

BiznisPRO

Одржана седница на Советот на Народната банка

BiznisPRO

УЈП со важна информација до организаторите на зелени пазари – До 31-ви декември поднесете извештај з атековната состојба на корисниците на тезги на зелените пазари за наредната 2026-та година

BiznisPRO