Грција / фото Бизниспро

Рекордна година за грчкиот туризам

Грција постави нов туристички рекорд минатата година и покрај продолжениот топлотен бран и неколкуте разорни шумски пожари кои принудија илјадници луѓе да се евакуираат, соопшти Централната банка на земјата.
Според првите проценки, повеќе од 32,7 милиони луѓе ја посетиле Грција во 2023 година.

Претходниот рекорд беше од 2019 година, пред коронавирусот, кога земјата во Југоисточна Европа ја посетија 31,3 милиони туристи.

Минатата година беше и рекордна по приходи, поточно со 20,5 милијарди евра тие беа за две милијарди повисоки од 2019 година.

Споредено со 2022 година, бројот на туристи од земјите на ЕУ лани е зголемен за 15,6 отсто, а на туристи од земји кои не се членки на ЕУ за 20,8 отсто, покажуваат податоците на централната банка која треба да ги објави конечните податоци во април.

Минатата година Грција се соочи со бројни временски непогоди. Така, летните температури надминаа 46 степени во некои области, а шумските пожари однесоа повеќе од 20 животи.

Во јули десетици илјади гости мораа да бидат евакуирани од островите Родос и Крф поради пожар. Еден месец подоцна, пожарите го опустошија националниот парк Дадија во близина на границата со Турција, а во септември силни поплави ја погодија централна Грција.

Можеби ќе ве интересира...

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

BiznisPRO

Амазон се повлекува од договорот вреден 1,3 милијарди евра

BiznisPRO

Волмарт и Крогер во паника: Германскиот гигант ја освојува Америка

BiznisPRO