За добро здравје и поголема виталност, важна е физичката активност. Реплек во рамките на програмата „РЕсет“ ги повикува сите кои сакаат да вежбаат, да дојдат во Паркот на Франкофонијата, на 15ти септември во 10:30 часот. Активностите се под водство на познатата искусна фитнес инструкторка Елена Бубало. Заради големиот интерес за присуство на настанот, Реплек обезбеди и детско катче со спортски реквизити за деца до 6 години, додека поголемите деца ќе можат слободно да се приклучат и да вежбаат заедно со своите родители. Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк https://rb.gy/2nmqtm. Во рамките на програмата „РЕсет“ Реплек обезбедува соодветна опрема и освежување за сите кои ќе вежбаат.
Ова е втор настан од ваков вид, во јуни годинава на истата локација под водство на Елена Бубало, вежбаа околу 70 љубители на физичката активност.
Како компанија која сака да иницира промени и да ја менува деловната и општествената култура, во првата половина на годината Реплек започна нова платформа „РЕсет” за поттикнување на ведар дух, здраво тело и ментална сила, односно добросостојба. „РЕсет“ е во основата на визијата преку која компанијата сака да јa поттикне и промовира добросостојбата на лично и колективно ниво, поврзувајќи ја оваа платформа директно со кредото на компанијата „За мое добро“.
Програмата РЕсет беше домаќин и на едукативната работилница со Илина Арсова, а тема на работилницата беше „Како до добросостојбата?“.