Технологија

“Самсунг Галерија” овозможува полесен пристап до фотографиите и видеата на различни Galaxy уреди

Синхронизирајте фотографии и видеа со корисничките профили на Samsung и Google што веќе ги користите

Скопје, 10 ноември 2026 година – Како што луѓето ги “фаќаат”, зачувуваат и прегледуваат спомените на повеќе уреди, како мобилни телефони и таблети, чувањето на тие моменти безбедни и лесно достапни станува сè поважно. За да се задоволи оваа растечка потреба, Самсунг (“Samsung”) нуди услуга за синхронизација на Галеријата (Gallery) во соработка со Гугл (“Google”)[1].

Синхронизацијата на “Samsung” галеријата со просторот за зачувување на “Google” овозможува пристап до фотографии и видеа на сите поддржани Galaxy уреди. Почетокот е едноставен. Ако вашите кориснички профили на “Samsung” и “Google” се поставени на уредот, можете да ја овозможите синхронизацијата во галеријата без да креирате посебна сметка на облак (cloud).

Исто така, можете лесно да се префрлате од еден на друг уред, додека вашите фотографии и видеа ви се на дофат. На пример, фотографирајте на вашиот Galaxy телефон и прегледајте ги во галеријата на вашиот таблет. Најавете се со истите кориснички сметки на “Samsung” и “Google” и овозможете синхронизација на секој поддржан уред[2].

При поставување нов Galaxy уред, најавете се со истите кориснички сметки на “Samsung” и “Google” што сте ги користеле за синхронизација на галеријата на вашиот претходен уред. Вклучете ја синхронизацијата за да ги видите прегледите на вашите фотографии и видеа[3]. Ако ви е потребна оригинална датотека, можете да ја изберете посакуваната и лесно да ја преземете на вашиот уред.

За да ви помогне да направите простор за повеќе спомени, “Samsung” воведува нова функција што ви овозможува да ослободите простор на вашиот уред[4]. Откако фотографиите и видеата ќе се синхронизираат со “Google” просторот за складирање, можете да ја користите функцијата “Ослободи простор”, опција за отстранување на оригиналните датотеки од уредот и ослободување на простор на уредот, додека фотографиите во минијатурен приказ остануваат видливи во галеријата.

Синхронизацијата на галеријата го користи достапниот простор на вашиот “Google” кориснички профил, кој е заеднички за “Gmail”, “Google Drive” и “Google Photos”. “Google” профилите вклучуваат до 15 GB бесплатно[5].

Поддршката е првично достапна на одредени Galaxy уреди што користат One UI 9 и постепено ќе се проширува. За да ја поставите синхронизацијата, допрете на иконата за облак во галеријата или изберете на “Започни” на картичката со совети. Алтернативно, можете да ги отворите поставките во апликацијата “Галерија”, да ја вклучите опцијата “Синхронизирај фотографии и видеа” и да ги следите упатствата на екранот.

[1] Услугата може да не е достапна на некои пазари поради регионални ограничувања за достапност на услугата. Услугата е достапна на одредени уреди со One UI 9, а поддршката постепено се проширува и на други Galaxy уреди.

[2] При лансирањето, фотографиите и видеата од облакот прикажани во “Samsung“ Галерија се ограничени на содржината синхронизирана преку Галеријата откако ќе се овозможи услугата. Фотографиите и видеата претходно зачувани во “Google“ просторот за складирање ќе останат во облакот, но нема автоматски да се појават во “Samsung“ Галерија.

[3] Новиот Galaxy уред мора да биде најавен со истите кориснички профили на “Samsung“ и “Google“ што се користеле за синхронизација на Галеријата на претходниот уред. Кога пристапувате до синхронизирана содржина на нов Galaxy уред, оригиналните фотографии и видеа остануваат зачувани во облакот, а на уредот се прикажуваат прегледи.

[4] Достапноста на функцијата може да варира во зависност од пазарот и моделот на уредот.

[5] “Google“ корисничките профили вклучуваат до 15 GB бесплатен простор за складирање, споделен помеѓу “Gmail“, “Google Drive“ и “Google Photos“. Достапниот простор зависи од постоечката искористеност. Синхронизацијата на Галеријата не додава посебна квота за складирање.

фото Самсунг