Серијалот “Samsung Tech Forum“ продолжува на “CES 2026“ со лидери од индустријата кои се собираат за да ја истражат еволуцијата на стримингот
Скопје, 9 јануари 2026 година – Компанијата “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) го одржа панелот “’FAST’ Напред: Како новите стриминг модели ја обликуваат следната генерација на ТВ“ (орг. “FAST Forward: How New Streaming Models Are Shaping the Next Generation of TV“) како дел од својата серија панели „Tech Forum“ на „CES 2026“. Настанот се одржа во “The Wynn“ во Лас Вегас, Невада, каде панелот ги обедини лидерите во сферата на забавата и медиумите за да ја истражат еволуцијата на стримингот и брзиот подем на бесплатната телевизија овозможена со комерцијални реклами “FAST“ (Free ad-supported television).
Сесијата ја истакна меѓусебната поврзаност помеѓу денешните потрошувачки однесувања и преференции кои брзо еволуираат, трансформацијата на содржината преку технологијата и моделите на монетизација, проширената улога на креаторите во форма на студија и начините на кои интерактивните искуства и искуствата во живо катализираат премин од пасивно гледање во активен ангажман.
Модериран од Натали Џарви (Natalie Jarvey) од “The Ankler“, на панелот учествуваа Салек Бродски (Salek Brodsky), Сениор Потпретседател и Глобален Раководител на “Самсунг ТВ Плус“ (“Samsung TV Plus“); Алесандра Катанезе (Alessandra Catanese), Извршен Директор на “Смош“ (“Smosh“) и Брус Касино (Bruce Casino), Извршен Потпретседател за Продажба и дистрибуција во САД при „Ен-Би-Си Јуниверзал Глобал ТВ Дистрибјушн“ (NBCUniversal Global TV Distribution).
“FAST” добива моментум додека публиката ја рекалибрира вредноста
Додека публиката се справува со заморот од претплати и фрагментираниот стриминг пејзаж, панелот се беше фокусиран на тоа како “FAST“ ја враќа едноставноста и вредноста на телевизијата. “Samsung TV Plus“ беше во центарот на разговорот, како платформа дизајнирана да ја намали фрикцијата, нудејќи стотици канали – во живо и по барање, во едно бесплатно и лесно достапно искуство преку телевизорите и уредите на “Samsung” ширум светот.
„ТВ искуството денес често може да изгледа како премногу работа за гледачот“, изјави Салек Бродски. „Нашата цел со “Samsung TV Plus” е повторно да ја поедноставиме телевизијата и да ја комбинираме моќта на линеарното откривање со модерно, поврзано искуство кое делува без напор, курирано и навистина вредно.“
Панелистите нагласија дека “FAST“ еволуираше во суштински дел од стриминг екосистемот, надополнувајќи ги претплатите и традиционалните модели, додека истовремено испорачува премиум, докажана програма во голем обем. За “Samsung TV Plus”, таа еволуција е вкоренета во споделените искуства кои го подигнуваат гледањето и ги среќаваат корисниците не само таму каде што веќе се, туку таму каде што сакаат да бидат.
Хибридните модели го редефинираат стриминг екосистемот
Панелистите потенцираа дека еволуцијата на стримингот е помалку насочена кон замена на традиционалните модели, а повеќе кон проширување на начинот на кој публиката се вклучува во интеракција со содржината. “FAST“, претплатата и линеарните дистрибутивни модели сè повеќе функционираат во тандем, овозможувајќи им на студијата да го продолжат животот на докажаните франшизи, да стигнат до нови гледачи и да достигнат дополнителна вредност без да ги жртвуваат перформансите на други места. Со искористување на податоците, однесувањето на публиката и децениските сознанија за содржините, медиумските компании го применуваат “FAST“ за да ги надополнат постоечките канали и да создадат поотпорен и поразновиден екосистем.
Брус Касино истакна како овој пристап му овозможи на “NBC Universal ” да донесе и класични и современи содржини до “FAST“ публиката, додека продолжува да бележи силни перформанси на сите платформи. „’FAST’ не ја заменува традиционалната дистрибуција, тој ја проширува“, рече Брус Касино. „Она што го гледаме е дека кога одличната содржина се појавува на повеќе места, тоа создава инкрементална вредност наместо канибализација — овозможувајќи им на франшизите да напредуваат преку ’FAST’, стриминг и линеарни канали.“.
Креаторите стануваат новите студија
Панелот исто така истражи како променливата природа на навиките на потрошувачите и телевизиските платформи значи дека креаторите на содржини не мора да работат исклучиво со традиционалните студија за да стигнат до широка публика. Како што овој медиум се шири од социјалните платформи до дневната соба, “FAST“ помага да се премости дигиталната култура и традиционалната ТВ, истовремено помагајќи во подигнувањето на квалитетот на продукцијата.
“Samsung TV Plus” беше истакната како платформа која им помага на креаторите да еволуираат од брендови кои се првенствено дигитални, во целосно развиени телевизиски студија, помагајќи во проширувањето на досегот, достигнувањето до нови можности за монетизација и претставувањето на содржината пред поширока, глобална публика.
Еден од најјасните примери за бренд што го направи чекорот од дигитален бренд до легитимно ТВ студио е колективот за скеч-комедија и импровизација “Smosh“. Со лансирањето на “FAST“ канал со “Samsung TV Plus”, “Smosh” успеа да ја зајакне врската со своите веќе посветени фанови, додека истовремено доби пристап до многу поголема база на гледачи. Поради оваа еволуција, “Smosh” го подобри долгорочниот раст.
„Партнерството со “Samsung TV Plus” ни овозможи да го подигнеме нашиот квалитет на продукција и да инвестираме во иднината на брендот “Smosh”“, изјави Алесандра Катанезе. „Тоа беше вистинската платформа да ни помогне да стигнеме до поширока публика, позиционирајќи ја нашата содржина во премиум средина која го поддржува правецот во кој се движиме како компанија.“.
Искуствата во живо и интерактивноста го поттикнуваат ангажманот
Гледајќи пошироко од содржините по барање, панелистите разговараа за тоа како програмите во живо, како концертите и интерактивноста, го преобликуваат телевизиското искуство преку создавање споделени моменти во кои публиката активно учествува.
Со карактеристики како што се синхронизирани премиери и учество во реално време, технологијата ја трансформира телевизијата од пасивна активност во интерактивно искуство, поттикнувајќи поврзаност, возбуда и чувство на припадност што органски ги зближува гледачите. Заедно, панелистите се согласија дека иднината на телевизијата ќе биде дефинирана со флексибилност, културна поврзаност и искуства кои повикуваат на учество, а не само на конзумација.
„Автентичната содржина која создава културна поврзаност и ги зближува луѓето е она што е најважно“, рече Салек Бродски. „Затоа инвестираме во настани во живо, програми од креатори и интерактивни формати кои ги потсетуваат луѓето зошто телевизијата отсекогаш била центарот на домот.“.
Додека стримингот продолжува да еволуира, “Samsung” е фокусиран на помагање во обликувањето на ТВ екосистем кој испорачува вредност за гледачите, можност за креаторите и обем за огласувачите, редефинирајќи го она што телевизијата може да биде во 2026 година и понатаму.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
