Се губат милијарда евра неделно: Економијата на Австрија за време на локдаунот

Заклучувањето, кое ќе стапи на сила во Австрија од понеделник, ќе ја чини австриската економија една милијарда евра неделно, проценуваат економистите.

Гастрономијата и трговијата особено се во неволја.

Поучен од искуството на заклучување од ноември минатата година, експертот на Економскиот институт Вифо, Јозеф Баумгартнер, посочува дека БДП овој месец ќе биде помал за 800 милиони евра.

Во првите две недели од декември ефектот на заклучување ќе биде уште посилен, бидејќи тогаш е вообичаено да се купуваат подароци пред Божиќ, па загубата е една милијарда неделно.

Слично проценува и Клаус Вајерштрас од HIS, кој смета дека штетата од заклучувањето на економијата ќе биде околу три милијарди евра.

Сепак, тој посочува дека е подобро сега да се затвори економијата отколку да се пропушти целата зимска туристичка сезона.

Само доколку функционира заклучувањето може да се „спаси“ јануари и февруари“, посочи тој.

Можеби ќе ве интересира...

Драстичен пад на цената на нафтата на светските берзи, расте доларот

Бизнис про

„Голдман Сакс“: Златото е подобра инвестиција од биткоинот

Бизнис про

На сила стапија ограничувањето на руската цена на нафтата и забраната за увоз во Европската унија

Бизнис про