Се повлекуваат од продажба кексички со прелив и колачи – АХВ со важно соопштение

Соопштение на АХВ:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера, од компанијата Атлантиц траде Скопје Доо Илинден доби известување дека поради можност за присуство на надворешно тело, од пазарот ги повлекува следниве производи:

– 280766 Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 со рок на траење 11.05.2025
– 281061 Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391 со рок на траење 11.05.2025.

Производител на производите кои се повлекуваат според известувањето е Атлантик Штарк доо Белград, Република Србија.

АХВ како одговорна институција за безбеднста на храната согласно законските надлежности, ја следи состојбата со повлекувањето на производите. До потрошувачите како и компанијата увозник, упатуваме апел доколку ги купиле посочените производи со сериските броеви и рокови на употреба истите да не ги консумираат или да ги вратат на продажното место од каде ги купиле.

Можеби ќе ве интересира...

Македонското небо “авио-крвоток“ со светот – Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром

BiznisPRO

На 17 март завршува рокот за поднесување на образец ДЛД-ДБ и образец Б

BiznisPRO

Превезени патници и стоки во четвртото тримесечје од 2024 година е 1.108.000

BiznisPRO