СЕ ТОКМАТ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Можно ли е поскапување на дизелот и бензинот од вторник? Нафтата на светските берзи достигна 93 долари за барел

Регулаторната Комисија за Енергетика во понеделник треба да одлучи по новите цени на горивата во земјава, кои ќе важат од вторник.

Цените на бензините и нафтата ги диктира светската берза на нафтени деривати, а таму се случува галопирачки раст.

Па така нафтата од типот брент се продава за 92,69 долари за барел, додека Wti crude се продава за околу 90 долари за барел. Да потсетиме дека од пред војната во Иран до сега цените на суровата нафта пораснаа за 25 отсто, додека пак ако се земе споредба на цените од почетокот на јануари до сега цената на барел нафта се зголемила за околу 47 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Потрошувачки кредит на Халкбанк – првиот чекор кон остварување на вашите цели

BiznisPRO

Средба Ангеловска – Бежоска – Петрова: Преку соработка на институциите до зголемена заштита на граѓаните

BiznisPRO

Живко Мукаетов меѓу највлијателните лидери во регионот

BiznisPRO