Седум „злата“ и три сребрени признанија: Врвните вина на „Тиквеш“ брилираа на Mundus Vini Spring Tasting 2026

Седум златни и три сребрени медали на едно од најпрестижните вински натпреварувања во светот се новите значајни меѓународни признанија со кои винарската визба „Тиквеш“ продолжува да ја зацврстува позицијата на македонското вино на светската винска сцена. На престижниот натпревар Mundus Vini Spring Tasting 2026, вината на „Тиквеш“ освоија 10 медали, потврдувајќи го континуираниот квалитет и глобалната конкурентност на вината создадени од македонските тероари.

На ова издание на натпреварот, кое се одржува во Германија и собира илјадници вина од повеќе од 40 земји, со златен медал беа одликувани вината: Bela Voda Red 2022, Babuna Red 2023, Luda Mara Red Cuvée 2024, Luda Mara White Cuvée 2025, Luda Mara Vranec 2023, Domaine Lepovo Grand Cuvée 2023 и Domaine Lepovo Chardonnay 2024. Со сребрен медал беа наградени: Barovo Red 2022, Alexandria Premium Cuvée Red 2023 и Bela Voda White 2024.

Mundus Vini е едно од најрелевантните вински натпреварувања во светот, каде вината се оценуваат од интернационално жири составено од врвни енолози, сомелиери, вински новинари и трговци. Освојувањето медал на овој натпревар претставува значајна потврда за квалитет и препорака за глобалниот пазар.

„Овие признанија се резултат на нашата долгорочна посветеност кон квалитетот, автентичноста и тероарот. Нашата амбиција е да создадеме вина кои со својот карактер и интегритет ќе бидат конкурентни на најразвиените вински пазари во светот,“ изјави Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на „Тиквеш“.

Вината на „Тиквеш“ се создаваат од лозја сместени во некои од најкарактеристичните македонски тероари, меѓу кои се Барово, Бела Вода, Бабуна и Лепово – региони препознатливи по своите специфични почви, микроклима и потенцијал за создавање вина со силен идентитет и комплексност. Основата на нивниот стил лежи во прецизна селекција на грозјето, внимателно управување со ферментацијата и минимална технолошка интервенција, со цел да се зачува природниот израз на сортата и тероарот.

Во изминатите години „Тиквеш“ реализира значајни инвестиции во модернизација на производствените капацитети, унапредување на лозарските практики и дигитализација на производствените процеси, што придонесува за уште повисок квалитет и конзистентност на вината.

Покрај посветеноста на квалитетот, компанијата активно инвестира и во одржливо производство и ESG принципи, со конкретни иницијативи за намалување на јаглеродниот отпечаток, енергетска ефикасност и постепен премин кон обновливи извори на енергија.

Со повеќе од 100 меѓународни награди годишно од престижни вински натпревари во Европа, Азија и други делови од светот, „Тиквеш“ продолжува да ја зацврстува својата позиција како еден од најнаградуваните вински производители во регионот и значаен амбасадор на македонското вино на глобалната сцена. Освоените медали на Mundus Vini Spring Tasting 2026 се уште една потврда дека македонските вина, преку визијата, инвестициите и посветеноста на „Тиквеш“ уверено го заземаат своето место меѓу респектираните вински региони во светот.

Можеби ќе ве интересира...

Просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 45 468 денари, бруто платата пак 68.340 денари

BiznisPRO

Цените на услугите во одделот Услуги за копнен превоз и цевководен транспорт во четвртото тримесечjе од 2024 година пораснале за 1.5%

BiznisPRO

Колку ќе чинат валутите во среда – НБРМ ја објави најновата курсна листа

BiznisPRO