Сиромаштија: Скоро секој четврт граѓанин во Македонија е сиромашен

Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштијата во 2021 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.

Според податоците, во 2021 година, стапката на сиромашни лица во Република Северна Македонија е 23.0 %.

Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2021 година е 26.4 %. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 8.9 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 8.1 %. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) е 30.3 %.

Можеби ќе ве интересира...

РКЕ пред одлука – се очекува нова цена на горивата

BiznisPRO

Македонските граѓани земаат 41.939 денари месечно во просек – Забележан силен раст на просечната плата

BiznisPRO

АХВ повлече уште еден производ рафтовите

BiznisPRO