За сите граѓани останува уште еден неработен ден, а тоа е 8-ми декември денот на Свети Климент Охридски, пишува Centar.mk.
Овој пат Свети Климент се паѓа во понеделник, што значи дека тој викенд ќе биде продолжен и ќе може да се искористи за некое предновогодишно патување.
Инаку властите ги објавија и неработните денови во 2026-та година, па така ова се сите празници следната година:
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се:
За сите граѓани на РСМ
• 1 јануари (четврток), Нова Година,
• 7 јануари (среда), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар,
• 20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
• 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
• 1 мај (петок), Ден на трудот
• 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден,
• 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 март (понеделник) е неработен ден,
• 8 септември (вторник), Ден на независноста,
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден,
• 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба,
• 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од православна вероисповед
• 6 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божиќ,
• 19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици),
• 10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
• 29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
• 6 aприл (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 1 ноември (недела), Празникот на сите светци,
• 25 декември (петок), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 27 мај (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
• 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ
• 27 јануари (вторник), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ
• 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ
• 23 мај (сабота), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ
• 21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ
• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...