Следува продолжен викенд веќе за многу брзо – Еве уште колку денови кои се означени како неработни преостанаа до крајот на годината

Ова се преостанатите денови кои ќе бидат неработни:

Ден на Републиката, 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден, 11 октомври (петок), Ден на народното востание, 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба; 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од католичка вероисповед 01 ноември (петок), Празникот на сите светци; 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ:21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Можеби ќе ве интересира...

Во септември ново покачување на пензиите, а познато е кога ќе тргне исплатата за овој месец

BiznisPRO

Оваа недела ќе се одржи 50. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

BiznisPRO

Статистика измери поскапо кафе во македонските угостителски објекти

BiznisPRO