Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.01/2026 за долгови доспеани до 30.09.2025 и неплатени до 31.12.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
На Листата на должници бр.01/2026 објавени се 2032 должници – правни лица (помалку за 17 од претходната листа) и 3884 физички лица (помалку за 204 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2026 изнесува 12.412.009.343 денари, (повеќе за 17.999.039 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.198.980.979 денари, (повеќе за 15.744.599 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 213.028.364 денари (повеќе за 2.254.440 од претходната листа).
Листата е објавена на веб страната на УЈП со клик тука.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
