СОПИРААТ БУЏЕТСКИТЕ ИСПЛАТИ: Трезорот за прв пат во историјата на Македонија се затвора на 15-ти декември

Трезорот за прв пат во историјата на Македонија се затвора на 15-ти декември, пишува Centar.mk.

Со ова после овој датум, па се до 31-ви декември нема да може да се вршат плаќања на буџетски средства.

За ова вчера се осврна и премиерот Христијан Мицкоски кој го изјави следново:

„Многу е важно сите институции навреме да ги достават налозите до Трезорот за да може Трезорот навреме да ги плати бидејќи ако се доставуваат да речеме налозите на 25-ти, 27-ми, 28-ми потоа повторно Владата е виновна, зошто тоа навремено не е платено. Се разбира дека ќе има толеранција, но ова беше кажано се со цел да можат институциите одговорно да се однесуваат и да може да се изврши плаќањето до доверителите, она кое што Министерството за финансии преку Трезорот треба да го направи“, порача Мицкоски.

Инаку деновиве многу вработени во образовниот сектор не ги добиле платите, ниту к-15, а според реакциите на граѓаните доцни и правото на социјална и детска заштита.

Можеби ќе ве интересира...

Самит на Македонија 2025 на 15 и 16 мај – Фокус на иницирање промени и иновации во југоисточна Европа

BiznisPRO

Курсна листа за 24 февруари 2025 – Колку ќе чинат девизите во понеделник?

BiznisPRO

Убава вест: Поевтинуваат горивата

BiznisPRO