Соработка на Народната банка со централната банка на Словачка за подобрување на заштитата на потрошувачите на банкарски производи и услуги

Примената на стандардите и регулативите коишто ги применуваат централните банки во Евросистемот во доменот на заштитата на потрошувачите, како и на современите добри практики за унапредување на ефективноста и ефикасноста на процесите во оваа област, е една од заложбите на Народната банка. За таа цел, во изминатите денови беше остварена билатерална соработка на Народната банка на Република Северна Македонија со Народната банка на Словачка, во рамките на втората фаза од Регионалната програма за зајакнување на капацитетите на централните банки на Западен Балкан, финансирана од Европската Унија.

Во рамките на експертската мисија, претставниците од Дирекцијата за заштита на потрошувачите и финансиска едукација при Народната банка, заедно со експертите од Народната банка на Словачка, разменија искуства за организациската поставеност, регулативата и функционалните аспекти на процесот на заштита на потрошувачите на финансиските услуги. Експертите детално ги презентираа искуствата од воспоставената регулаторна рамка на ниво на Европската Унија и регулативата на Народната банка на Словачка, интерните процедури на обработка на поплаките од корисниците на финансиските призводи и услуги и спроведувањето на супервизијата за заштита на потрошувачите.
Втората фаза од Регионалната програма финансирана од Европската Унија (ЕУ) за зајакнување на институционалниот капацитет на централните банки на Западен Балкан е тригодишна програма којашто ја координира Германската централна банка, во партнерство со деветнаесет централни банки на Европскиот систем на централни банки и Европската централна банка. За остварувањето на оваа програма, ЕУ додели 3 милиони евра од инструментот за претпристапна помош (ИПА III).

Можеби ќе ве интересира...

Нови цени на горивата

BiznisPRO

Значителен раст на синдикалната кошничка – За да се прехрани едно семејство потребни се 65.544 денари, а доколку се користи и стан под кирија сумата е фрапантна

BiznisPRO

Оваа наша банка веќе ги исплати јануарските пензии предвреме

BiznisPRO