Србите даваат и до 5.000 евра гратис: Ќе го следи ли Македонија примерот на за субвенции на електрични автомобили?

Во соседна Србија веќе започна пријавувањето на заинтересирани за државни субвенции за купување на електрични возила, во износ од 5.000 евра, пишува Centar.mk.

За таа цел Србија издвоила 170 милиони динари (околу 1,45 милиони евра), а право на субвенција можат да остварат физички лица и фирми. Целта, според надлежните, е подобрување на квалитетот на воздухот и животната средина.

„Средствата што ги наменивме за 2024 година ќе се доделуваат по пристигнати, уредни барања на граѓаните и стопанствениците, додека не се потроши вкупната сума или најдоцна до 31 октомври. Доколку се покаже дека интересот на граѓаните и стопанството значително го надминува утврдениот износ, ќе се потрудиме да обезбедиме дополнителни средства за субвенции за набавка на нови електрични возила“, изјави претходно министерката за заштита на животната средина на Србија Ирена Вујовиќ.

Уредбата за субвенционирано купување возила, која беше донесена на 1 февруари, предвидува поддршка за купување на повеќе видови електрични возила.

Граѓаните и фирмите кои сакаат да го остварат правото на субвенционирана набавка на електричен мопед или лесен трицикл, можат да сметаат на поддршка од 250 евра.

Истовремено, предвидена е поддршка во износ од 500 евра за набавка на електрични мотоцикли, тешки трицикли, лесни и тешки четирицикли.

За електричните патнички возила со најмногу девет седишта, како и за електричните товарни возила со максимална дозволена тежина до 3,5 тони, субвенциите изнесуваат од 2.500 до 5.000 евра.

Во Македонија вакви субвенции се уште нема, иако изминативе години беа најавувани проекти со слични суми за субвенции, како што денес има во Србија.

Се предвидуваше да се субвенцинира износ од 3.000 евра за набавка на хибриднии и износ од 5.000 евра за набавка на електрични возила.

Токму немањето субвенции, но и високите цени на овие возила, како и малиот број станици за полнење, се причини поради кои грѓаните во земјава тешко се одлучуваат да набават електрично возило.

Придобивките од електричните возила се големи и за возачите и за животната средина, затоа што се возат евтино, поретко се сервисираат од останатите возила и најважно, не го загадуваат воздухот.

Можеби ќе ве интересира...

Курсна листа за 13 јуни 2024 – Колку чинат девизите денеска?

BiznisPRO

Пред истекот на рокот „Тиквеш“ им ги исплати средствата за откупеното грозје на лозарите

BiznisPRO

Неопходни „црвени линии“ за вештачката интелигенција

BiznisPRO