Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има најевтини горива во регионот

Српските медиуми ги информираа своите граѓани дека во Македонија горивата се најевтини од сите земји во близина.

Пресметките покажуваат дека во земјава се точи најевтин бензин и дизел гориво.

Еден српски медиум направи споредба на цените на бензинот БМ 95 и на дизелот во земјите од регионот, според податоците на GlobalPetrolPrices.com ажурирани во последните денови од минатиот месец.

Во Македонија бензинот е најевтин, во Србија цената е некаде на средина, а најскап е во Грција.

Цени на бензинот евро премиум БМБ 95 за литар:

Македонија 1, 308 евра

Бугарија 1.288 евра

Босна и Херцеговина 1.322 евра

Хрватска со 1.450 евра

Словенија со 1.380 евра

Србија 1.518 евра

Црна Гора 1.490 евра

Албанија 1.571

Грција 1.865 евра.

Слична е состојбата и со дизелот, најмалку чини во Македонија, а најскап во Грција и во Албанија.

Цени на дизел гориво за литар:

Македонија 1.121 евро

Бугарија со 1.236 евра,

Хрватска 1.440 евра

Босна и Херцеговина 1.245 евра

Црна Гора 1.340 евра

Словенија 1.424 евра

Србија 1.578 евра

Грција 1.556 евра

Албанија 1.571 евра

Можеби ќе ве интересира...

Изминатото деноноќие произведени 16.178 MWh и целосно задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

BiznisPRO

Три настани за сите заинтересирани за вработување во Словенија

BiznisPRO

ПАДНА ОДЛУКА: Значително поскапуваат горивата – Еве по кои цени ќе се продава бензинот и дизелот

BiznisPRO