Ја поздравуваме одлуката на Владата за 5% ддв,кој е при прва продажба на станбен простор , ова ги покажува позитивните заложби на бизнис секторот и ССКМ претставен преку Градежната комора во соработка на Министерството за финасии и Владата.
Сојузот на стопански комори на Макеоднија смета дека одлуката на државата стапка за првата продажба на новоизградени станови да остане 5 % е оправдана ,и оправдана одлуката на Министерството за продолжување на важноста на повластената стапка од 5% ддв , сметаме дека со нејзино продолжување најголема корист ќе имаат купувачите на станбени единици ,односно населението.
Ивица Јаќимовски ,член на Управен одбор при ССКМ посочува ,,Со продолжување на данокот за купување станови на 5% почнувајќи од 2026 година, се очекува секторот за недвижности да добие нов импулс. Ова повластена стапка на ддв има за цел да го поддржи пристапот на граѓаните до домување, да ја стимулира градежната активност и да ја зајакне стабилноста на пазарот ,,
Со имплементацијата на даночната стапка од 5% носи неколку важни привилегии и за купувачите и за индустријата :
• Намалувањето на даночната стапка значително ги намалува вкупните трошоци за купување стан, правејќи го сопствеништвото на домот подостапно за пошироката популација;
• Се очекува прифатливоста создадена од данокот од 5% да ја зголеми побарувачката за нови и постоечки станови, што пак може да ги поттикне градежните и недвижните сектори;
• Со поповолна даночна средина, домашните и странските инвеститори можат да покажат зголемен интерес за пазарот на домување, што ќе придонесе за економски раст ; Со заедничка работа и партнерски однос на Сојузот на стопански комори на Македонија со Владата,се носат одлуки кои позитивно ќе влијаат на бизнис климата и развојот на македонската економија .
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
