фото Бизниспро/илустрација

Старбакс ќе отпушти околу 1.100 вработени

Старбакс објави дека ќе укине некои корпоративни работни места бидејќи извршниот директор Брајан Никол се фокусира на планот за пресврт на фирмата.

Во писмо спратено до вработените во понеделникот било најавено кратење на 1100 работни места.

Во меморандумот стои дека вработените ќе бидат известени до вторник, 25 февруари. Според медиумите отпуштањата имаат за цел да ја поедностават структурата на компанијата со „отстранување на слоеви и дуплирање и создавање помали, поагилни тимови“.

Отпуштените вработени ќе добијат „сеопфатен пакет за отпремнина“.

Во септември минатата година, Старбакс вработуваше околу 361.000 работници ширум светот и 211.000 во САД. Поголемиот дел од персоналот се вработени во продавницата кои нема да бидат засегнати од ова отпуштање.

Наместо тоа, отпуштањата ќе влијаат на оние во 16.000 корпоративни улоги за поддршка на Старбакс. Вработените кои работат во печење, производство, складирање и дистрибутивни операции, кои исто така се сметаат за корпоративна поддршка, нема да бидат засегнати.

Можеби ќе ве интересира...

Цените се повисоки, а парите се помали: Во Германија се забележани огромни поскапувања

BiznisPRO

Американците шверцуваат јајца: Преку граница се поевтини за 70 отсто

BiznisPRO

Статистика на Еуроконтрол: Две нискобуџетни авиокомпании направија над 5000 летови во еден ден

BiznisPRO