Супер вест: Значително намалување на бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,77 % во однос на одлуката од 14.11.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,887%, кај дизелот за 2,869%, кај екстра лесното за 2,857% и кај мазутот намалувањето е за 2,291%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,485%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,567 ден/кг и сега ќе изнесува 47,622 ден/кг.

Од 17.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 91,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 94,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 93,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 88,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 47,622 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можеби ќе ве интересира...

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите до крајот на годината

BiznisPRO

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

BiznisPRO

Казината и понатаму ќе тријат раце: Законот за нивна забрана до училишта и градинки доби вето

BiznisPRO