• јуни 9, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Телеком Србија ги претстави своите серии пред публиката во Дубровник

Телеком Србија ги претстави своите серии пред публиката во Дубровник

Најважниот фестивал во ТВ индустрија во овој дел на Европа кој што ги собира професионалците од цел свет, НЕМ Дубровник, ја угости компанијата Телеком Србија, која што во Македонија е присутна преку телекомуникацискиот оператор Мтел, како најголем производител на сериска содржина во регионот. Телеком Србија во рамките на главната програма на фестивалот, ја претстави својата продукција со краток преглед на осум најпопуларни авторски серии, а посетителите на фестивалот имаа можност да ги погледнат и премиерите на новата играна серија на оваа компанија насловена „Златен дечко“ („Zlatni dečko“) чија филмска верзија веќе постигна одличен успех во Србија, како и серијата „Прошетка со лав“ (,Šetnja sa lavom“), современа приказна која што носи своевидно освежување на малите екрани.

„Телеком Србија за кусо време стана најголем произведувач на ТВ содржини во регионот, и на тој начин внесе големи промени во филмската и сериската продукција во Србија и околните земји. Нашата амбиција е со квалитетна и разновидна понуда да станеме регионален лидер во доменот на мултимедиумите и да продолжиме со успешна интернационализација на нашите серии ширум светот промовирајќи го Балканот како плодна почва за производство на квалитетна содржина“, изјави генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ.

Настапот на српската компанија предизвика голем интерес на учесниците и постетителите на фестивалот, а реакцијата на публиката на прикажаната содржина го потврди врвниот квалитет   кој што подолго време им се припишува на сериите од продукцијата на Телеком Србија, која што ги вклучува најголемите имиња на српската и регионалната кинематографија.

Освен популарноста кај публиката на Балканот, сериската содржина на Телеком Србија бележи и интернационални успеси, па некои од најгледаните наслови на оваа компанија веќе се најдоа во понудите на стриминг платформи во Европа, САД, Латинска Америка, како и на Блискиот исток и Индија. Исто така, позитивните реакции  на сериите на Телеком Србија не изостанаа ни на тридневниот фестивал во Дубровник. Помеѓу стотиците учесници на НЕМ, Телеком Србија се издвои со квалитена понуда, со која што ја потврди својата позиција во доменот на продукција на врвни серии во регионот и покажа дека е подготвен да им парира на најголемите ТВ продукции на светот.

Сериите од продукцијата на Телеком Србија, меѓу кои мегапопуларната „Беса“, „Државен службеник“, „Клан“ и многу други, кај нас премиерно се прикажуваат на каналот Суперстар, кој што е дел од понудата на сателитската телевизија MSat TV на телекомуникацискиот оператор Мтел.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…