ТРГНА ИСПЛАТАТА НА К-15 – Колку денари ќе легнат на сметките на работниците оваа година?

Крајниот законски рок за исплата на К-15 е 31 декември, но многу компании имаат можност тоа да го прават уште од први јули, па така познати компании веќе го исплатиле регресот за годишен одмор.

Со одлуките на претходната власт последниве години К-15 добиваат и административците, по две децении пауза, пишува centar.mk.

Согласно законот право на регрес има секој вработен со најмалку шест месеци непрекинат стаж кај работодавецот.

Најмалиот изност кој би го добиле граѓаните би бил над 17.000 денари, односно 40 отсто од последната тримесечна просечна нето плата во Македонија. Па така сумата постојано се менува и доколку просечната плата дополнително порасне, ќе скокне и минималниот износ за К-15 кој мора да го исплатат работодавачите.

Можеби ќе ве интересира...

Електродистрибуција инвестираше 30 милиони евра во првите шест месеци од годината

BiznisPRO

ОКТА донираше фотоволтаична централа на градинка во Гевгелија 

BiznisPRO

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак 

BiznisPRO