ТРГНА ИСПЛАТАТА НА К-15: Регресот за годишен одмор може да изнесува и до 45.000 денари

Поголемиот дел од приватните компании веќе започнаа со исплата на регресот за годишен одмор, популарно наречен К-15. Оваа година, износот за вработените во приватниот сектор во просек изнесува нешто над 18.000 денари, објави Centar.mk.

За вработените во јавната и административната служба, пак, се исплаќа значително понизок износ, кој се движи околу 12.000 денари.

Според законските одредби, регресот за годишен одмор може да достигне максимален износ до 45.000 денари, односно до висината на просечната месечна плата во државата. Сепак, конечната висина на К-15 ја утврдува секој работодавач поединечно, во согласност со своите финансиски можности.

Законот е недвосмислен – К-15 мора да биде исплатен најдоцна до 31 декември 2025 година. Во спротивно, за работодавачите следуваат строги парични казни.

Вработените кои нема да добијат К-15 во законскиот рок имаат право да поднесат пријава до надлежните институции, пишува Centar.mk.

Можеби ќе ве интересира...

Курсна листа за 14 мај 2024

BiznisPRO

Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни

BiznisPRO

Стоковна размена со странство, јануари – ноември 2024 година

BiznisPRO