Три врсти јогурт со сменета грамажа – Дали производителите се обидуваат да ги заобиколат владините одлуки за есенската кошница?

– Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите, рече Горан Трајковски директор на Пазарна инспекција.

– Се обидуваат на секаков начин да го заобиколат законот и да остварат профит. Имаат празни рафтови и не се снабдени доволно со производите опфатени со Одлуката. Вршат и големи притисоци врз добавувачите“, рече денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски, најавувајќи строги казни.

Тој пред медиумите извади три врсти на јогурт чии грамажи биле различни од претходно.

Сето ова се прави со цел да се заобиколи владината одлука која наведува точни грамажи на производи и за кои треба да има намалување на маржата.

Можеби ќе ве интересира...

Познато е кога ќе биде исплатена мајската пензија

BiznisPRO

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

BiznisPRO

Терминалот за течен природен гас  „Александрополис“ на Гастрејд започнува со деловно работење – Пресвртница во енергетската безбедност и развој на Европа

BiznisPRO