Трошоците за живот поскапеле за 4.9 отсто

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, изнесува 0.2 %.

Зголемувањето на инфлацијата во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Разновидни стоки и услуги за 1.6 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1.5 %, Ресторани и хотели за 0.7 %, Храна и безалкохолни пијалаци, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и Рекреација и култура за 0.1 %.

Во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 0.9 %, Комуникации за 0.4 % и Облека и обувки за 0.2 %.

Трошоците на животот во групите: Домување, вода, електрика, гас и други горива, Здравје и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во јануари 2025 година во однос на декември 2024 година изнесува 99.6.

Индексот на трошоците на животот во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи зголемување од 4.9 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.2 %.

Можеби ќе ве интересира...

Продолжува растот на цените на бензинот и дизелот во Македонија, еве ги новите цени

BiznisPRO

Доаѓа исплата: Познато е кога пензионерите ќе ја добијат новата пензија која беше покачена за 2.500 денари од минатиот месец

BiznisPRO

Волстрит со благ пад

BiznisPRO